Во Тетово вчера се приведени 13 лица во периодот од 13.50 часот до 16.40 часот, за приредување игри на среќа без лиценца.
Полициски службеници од СВР Тетово, во содејство со УЈП и ДПИ, спровеле акциска контрола во објект без фирма на ул.„Иво Рибар Лола“ во Тетово, во кој се приредувале игри на среќа без лиценца, при што од слобода биле лишени Ј.С.(33), Б.Б.(30), П.Ф.(49), Е.С.(23), А.А.(28), А.Р.(24), А.К.(26), М.С.(26), Б.Х.(20), Ш.Н.(22), Ј.К.(30), од Тетово, Гостивар, Мала и Голема Речица и С.О.(28) и О.Ј.(24), државјани на Република Турција.
– Притоа, од страна на полициските службеници од одговорниот на објектот Б.Б.(30) била одземена компјутерска опрема, и тоа: 8 компјутери „ХП“, 2 лаптопа „ацер“, 8 ливчиња со упатства на турски и англиски јазик, 1 полнач за компјутери и 1 мобилен телефон, соопштија денеска од МВР.
По документирање на случајот против лицата ќе биде поднесен соодветен поднесок, поради основано сомнение за сторено кривично дело „приредување на игри на среќа без лиценца, односно дозвола од државен орган“, казниво по член 156 од Законот за игри на среќа и забавни игри.