Одлуката на Германија да ја стави Португалија на својата црвена листа поради брзото ширење на делта сојот на коронавирусот не е во согласност со европскиот пристап, соопшти ЕК денеска. Одлуката за тоа ја донела канцеларката Ангела Меркел.
Портпаролот на Европската комисија денеска изјави дека сите европски членки треба да се консултираат и да ги координираат своите активности при воведување на здравствените мерки и дека треба да избегнуваат забрани за движење.
-Мерките преземени од Германија не се во согласност со таквиот пристап, искоментираа од ЕК.
„Многу е јасна препораката за мерките што треба да се преземат при повлекување на ’сопирачките во итни случаи’, односно за карантин и тестови“, соопшти ЕК.
Да бидат работите уште полоши, од 1 јули, односно од утре, ќе стапи на сила европскиот здравствен сертификат, што ќе го олесни патувањето во рамките на ЕУ, а што беше многу тешко да се добие.