Во тек се разговори меѓу САД и Турција за безбедносна соработка во Авганистан, изјави портпаролот на Стејт департментот Нед Прајс, откако Анкара понуди да управува и да го чува аеродромот во Кабул по повлекувањето на американските сили.
Прајс одби да даде детали за тоа како треба да функционира договорот.
– Ја поздравуваме конструктивната улога на Турција кога станува збор за повлекувањето и пошироката безбедносна состојба во Авганистан, изјави Прајс, додавајќи дека двете земји сè уште разговараат за поширока безбедносна соработка во Авганистан.