Претседателот на Кина, Си Џинпинг денеска упати апел вакцините против Ковид-19 да бидат подостапни за земјите во развој, бидејќи тие се „моќно оружје“ против пандемијата.
– Кина апелира на поблиска меѓународна соработка за вакцините, за истите да бидат подостапни за земјите во развој и да станат глобално јавно добро, истакна Си на видео-состанокот на Азиско-пацифичката економска соработка (АПЕЦ)
Тој додаде дека Кина за земјите во развој обезбедила повеќе од 500 милиони дози вакцини како и милијарди долари помош.
АПЕЦ постои од 1989 година, а целта им е олеснување на економската соработка помеѓу 21 земји-членки.