Бојан Јовановски попладнево е спроведен во затворот Идризово на издржување на затворската казна од 9 години.
Јовановски ќе биде 30 дена во приемното одделение на затворот и сместен е со уште двајца затвореници. Јовановски е спроведен од куќен притвор откако Апелациониот суд ја потврди пресудата каде што Јовановски е осуден во случајот „Рекет“ за перење пари и примање на награда за противзаконско влијание.
Катива Јанева не е спроведена. Таа најави дека ќе побара одложување на казната, веројатно затоа што ќе се жали до Врховниот суд.