Хеликоптерите на Армијата немаат техничка можност да летаат во ноќни услови, напиша вечерва претседателот Стево Пендаровски на својот фејсбук-профил.

Ова, додава, е единствената причина заради која во гаснење на пожарите ќе се вклучат во раните утрински часови.

Претходно, Пендаровски информираше:

„Вечерва во Крушево, началникот на генералштабот генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски ме информираше за состојбата со пожарите низ земјата и посебно за големиот пожар во Кочани доцна попладнево.

– Наредбата како врховен командант за ангажман на Армијата со целосен капацитет ја дадов во 16:30 минути. Одобрена е и употреба на воздухопловите, кои денеска веќе интервенираа во Старо Нагоричане, а утре наутро одат на помош во Кочани, информира Пендаровски.

Тој додаде дека во текот на ноќта ќе се следи состојбата на терен и ќе се ангажираат дополнителни сили, како и средства за справување со состојбите и помош на населението насекаде каде што има потреба.