Бугарија се повеќе се насочува кон трети општи избори годинава, откако победникот на јулските избори не успеа да постигне коалициски договор, се наведува во коментарот на „Еуроњус“.
Бугарскиот претседател, Румен Радев, сега може да ги повика другите партии да се обидат да формираат влада, но Слави Трифонов, сатиричниот водител и пејач без политичко искуство, веќе најави дека нема да поддржи ниту една од нив.
Доколку ова сценарио се потврди, тоа ќе бидат трети избори во годината во оваа источно-европска земја, со месеци втурната во политичка криза без преседан од крајот на комунистичкиот режим.
Новите предвремени парламентарни избори може да се совпаднат со претседателските избори, кои треба да се одржат наесен. Радев, жесток противник на доскорешниот премиер Бојко Борисов, се кандидира за нов мандат и ќе биде поддржан од партијата „Има таков народ“. Ова го кажа самиот Трифонов во вчерашнбата, изненадувачка изјава, кога изјаво дека неговата партија го повлекува предлогот за форморање нова влада во Бугарија.