По социјалните мрежи денеска проструи веста дека на австриската екипа која гасеше пожари во Беровско и биле украдени од локалното население моторна пила и уште некои работи.
Игор Димовски од Берово, преку својот ФБ профил, ја демнатира веста и тврди дека е лажна. Еве што тој истакнува:

„После сите коментари и објави должен сум да го кажам следново:
Нема украдено ништо! Ниту кај Австријците, ниту кај Словенците. Заедно сме на терен и дури станавме пријатели со многу од нив. Изгледа не сме расипан народ како што сакате да не претставите.
За ова прашање правев лично муабет и сите овие лажни вести беа демантирани од нивна страна!
Доказ дека не зборувам на празно е на следниве слики.
Поздрав до сите и никогаш да не се повтори!“