Талибанците утрово без борба го зазедоа источниот авганистански град Џалалабад со што имаат контрола врз патиштата кон Пакистан, соопшти локален претставник.

Тој рече дека провинцискиот гувернер го предал градот за да спречи цивилни жртви. Западен безбедносен претставник го потврди падот на Џалалабад, последниот голем град во Авганистан, покрај Кабул, што остана под контрола на централната влада.