Бегалците кои во Македонија доаѓаат од Авганистан ќе бидат сместени во хотели и мотели, а не во кампови и прифатни центри, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во гостувањето во ТВ 21.
– Не станува збор за мигранти од Авганистан, туку за лица коишто од различни причини да не ги загубат своите животи, имаат можност преку организацијата на САД и ООН, привремено во овој момент да ги прифатиме како држава. Владата презема обврска да смести околу 450 лица, не во кампови или Прифатни центри, не во Гевгелија или Табановце, туку тие ќе бидат сместени во хотели или мотели, а престојот ќе биде платен од организацијата за којашто работеле – граѓанска организација или САД, рече меѓу другото Спасовски.
Како што е веќе објавено Македонија засега ќе прими 450 бегалци од Авганистан.