САД, кои веќе распоредија повеќе од 30.000 војници во Германија, ќе го зголемат военото присуство во таа земја, соопшти денеска американскиот амбасадор во Берлин Ричард Гренел .
„Повеќе од 1.500 војници ќе бидат испратени во Германија до 2020 година“, се вели во соопштението на амбасадорот Гренел. Ова идно распоредување ќе придонесе за „зајакнување на безбедноста на НАТО и Европа”, оцени Гренел.
Најавата доаѓа и покрај бројните критики упатени кон земјите членки на НАТО од Доналд Трамп по неговиот избор за претседател на САД. Трамп посебно ја критикуваше Германија. Тој ја критикуваше Германија и другите членки на Алијансата дека не одвојуваат доволно пари за Алијансата и се потпираат на САД за да ја обезбедат својата безбедност.
Трамп ја критикуваше Германија за трошење милијарди долари за купување гас и нафта од Русија, наместо да придонесе за трошоците на одбраната. Германија планира да потроши 1,5 отсто од својот БДП за трошоците за одбраната во 2025 година