Пилотот на Алфа Ромео, Кими Раиконен, е позитивен на коронавирус, објави прес-службата на Формула 1.

Поради тоа 41-годишниот Финец нема да може да учествува на Големата награда на Холандија.

Алфа Ромео објави дека резервниот пилот, 36-годишниот Роберт Кубица ќе го замени Раиконен.

Главната трка од шампионатот во Формула 1 за Големата награда на Холандија ќе се вози утре од 15 часот.