Според последните податоци за БДП за второ тримесечје 2021 година, ако имаме среќа до крајот на годината бруто – домашниот производ ќе се врати на нивото од 2019 година. За жал, растот кој денеска беше гордо објавен, дури и пред календарски утврдениот термин на Статистика, не го надоместува падот од минатата година од 15 отсто.
Ова се истакнува во денешната реакција од ВМРО-ДПМНЕ во врса со вчерашните фалби на власта дека бележат „фантастичен“ раст од 13 отсто на Бруто домашниот производ.
– Исто така, покрај тоа што растот во второто тримесечје не го надоместува падот од 15 отсто од минатата година, треба да се има предвид и дека во првото тримесечје падот на БДП изнесува минус 1,9 отсто. Истовремено, високофрекфентните податоци на Државниот завод за статистика покажуваат дека индустријата има проблем со опоравување, имено заклучно јули растот на индустријата е околу 5 отсто споредбено со вртоглавиот пад од лани од околу 14 отсто. Истовремено, индустријата продолжува да отпушта работници, според последните објави на Државната статистика. Згодно за власта, Државниот завод за статистика побрза неколку дена предвреме да ја објави и стапката на активно население, по што проследија неколку објави и прес-конференции од власта, а денешната предвремена објава од „успехот“ за БДП се совпадна со конференцијата на Бесими, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Овие „фантастични“ бројки кога се гледаат без стручни компарирања навистина звучат – фантастично, но во пракичниот живот тоа ниту се гледа, ниту чувствува.