ВМРО-ДПМНЕ изрази големо жалење за огромната трагедија и загубата на животи на наши сограѓани во пожарот во модуларната болница во Тетово и побара да се утврди одговорност.
-Изразуваме најдлабоко сочувство до семејствата на починатите во ужасната трагедија и искрено желби за брзо закрепнување на сите повредени од синоќешната страотна катастрофа. Воедно сакаме да потенцираме дека е важно институциите да го истражат до крај причинителот и да се утврди одговорност, која не смее да изостане, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Опозициската партија бара од премиерот Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче да излезат со точни податоци и проценки за состојбата.
-Целосно разбирајќи го револтот на граѓаните и на тетовчани, aпелираме во овие тешки моменти министерот Венко Филипче и премиерот Зоран Заев да не се кријат од јавноста и да излезат со точни податоци и проценки за состојбата. По 12 часа од несреќата не се знаат првичните индиции, ниту пак бројот на жртви. Oтсуството на систем запрепастува, се посочува во соопштението.