Дванаесетте пациенти кои го преживеаја овој кобен настан се хоспитализирани, сите се во стабилна состојба, изјави докторката Миранда од Ковид центарот во Тетово за Сител.

-Самата нивна состојба е критична, тие се зависни од кислородна поддршка и затоа направивме максимум за што е можно побрзо да ја добијат потребната терапија. За среќа сите се во стабилна состојба без никакви компликации засега и се надеваме дека сите ќе ја поминат оваа борба“, кажа докторката.