Министерството за внатрешни работи вчера на територијата на Македонија казни 520 возачи, кои се движеле со брзина поголема од дозволената.
Од нив, 48 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а осум возила се движеле со над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 246 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 274 надвор од населено место.
– Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, истакнаа од МВР.