Спречена е погогема трагедија откако ноќеска имало неуспешен обид да се исклучи електричната енергија во модуларната болница во Прилеп. Засега непознат сторител се обидел да ја искрши вратичката од електричната табла преку која се снабдува со енергија прилепската монтажна болница.
Откако обезбедувањето забележало веднаш е повикана полицијата, а крим техника ги одзела и снимките од безбедносните камери со цел да се утврди кој насилно ја отворил вратничката која претходно била заклучена.