Христијан Мицкоски, во вечерашниот дуел со Зоран Заев, најави дека утре ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе кривична пријава за случајот со ЈП „Водовод“, како и дека следните денови ќе обелоденува нови коруптивни афери.
– Ќе го охрабрите ли Обвинителството да покрене постапка за случајот со ЈП „Водовод“, праша Мицкоски, а Заев му одговори кога зборува за вакви случаи, да доставува и докази.
Мицкоски, зборувајќи за корупцијата, на што Заев се бранаше со споредбите од времето на Груевски, истакна дека тогаш Македонија била на 65 место, а денес е на 111 место по корупција во светот, а според последните неколку извештаи на Транспаренси интернешнал.
– Тоа е реалноста. Се останато е филозофија и бркање магла. Затоа сме на дното по бројот на инвестици и по починати од КОВИД, царува криминал и коруција, според „Економист“ втора година по ред сме хибриден режим. Тоа е вашата заслуга, рече Мицкоски.