Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, се пожали на недостатокот на напаѓачи во тимот.
– Напаѓачот е напаѓач. Тие секогаш се малку разделени од останатите и се на своја позиција. Заедно со голманите, тие формираат група играчи на кои им треба посебен пристап. Најтешко се потпишуваат. Бевме привилегирани да го имаме Серхио Агуеро во тимот толку години, но, за жал, тој имаше сериозни повреди минатата година. Преживеавме без него. Сега имаме извонредни офанзивци, но ја немаме напаѓачката моќ на Манчестер јунајтед, Челзи или Тотенхем. Мора да ги искористиме тимските квалитети. Немаме фудбалер кој може да постигне 25 гола во една сезона, па мораме да го направиме тоа со целиот тим. Ова ќе се обидеме да го направиме во текот на тековната сезона, изјави Гвардиола.
Денес Манчестер сити ќе игра против Челзи на гости, со почеток во 13:30 часот во дербито на шестото премиерлигашко коло.