Кошаркарот на Филаделфија, Бен Симонс останува решен да го напушти тимот. Според „ESPN“, 25-годишниот Австралиец не се плаши од казни од клубот, но повеќе не сака да игра за 76-ките.
Забележано е дека Симонс може да ја пропушти целата сезона 2021/22 доколку Филаделфија не го размени со друг играч.
Симонс претходно не отпатува во тренинг-кампот на Сиксерс, кој започна на 28 септември.
Раководството на Филаделфија се закани со парична казна за играчот поради бојкот на тренинзите.