Дваесетгодишна жена од Књажевац, која била бремена со близнаци, починала синоќа во Клиничкиот центар во Ниш, од последиците од ковид-19, потврдија за српските медиуми од оваа здравствена установа.
Трудница од Књажевац на возраст од 20 години во четвртиот месец од бременоста почина ноќеска во 23.30 часот. Жената е примена на 2. октомври со ниска сатурација од 80 отсто и веднаш е формиран мултидисциплинарен тим лекари кои ја следеа нејзината состојба, а во кој беа анестезиолог, инфектолог, пулмолог и гинеколог. Следниот ден поради влошување на состојбата приклучена е на респиратор, изјави д-р Зоран Перишиќ, директор на нишкиот Клинички центар.
Потоа бремената жена е префрлена во единицата за интензивна нега и приклучена на машина за дишење, на 3. октомври, а почина на 5. октомври, и покрај напорите на лекарите да и го спасат животот, изјави докторот нагласувајќи дека бремената жена не била вакцинирана.