Секој што денеска се најде во Белград покрај реката во близина на халата „Бетон“ можеше да го види најдобриот тенисер на светот како вози велосипед со своето семејство.

Најдобриот тенисер на светот моментално се наоѓа во српската престолнина, а секој што беше денеска на брегот на Сава можеше да се увери во тоа.

Новак Ѓоковиќ, заедно со сопругата Јелена и децата, возеа велосипеди покрај реката, а минувачите кај халата „Бетон“ не го криеја воодушевувањето кога ги видоа.

Најсладок беше нивниот син Стефан, кој носеше целосна опрема за возење велосипед, додека неговата сестра уживаше да се вози со својот татко.