Пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска на денешната прес-конференција изјави дека независната кандидатка за градоначалник на Град Скопје, Данела Арсовска, која е поддржана од опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ во 2011 година се стекнала со бугарско државјанство.
Но, Петровска изнесен податоци за извесна Даниела Арсовска, а не за Данела Арсовска.
„Во „Удостоверение“ од бугарското министерство за правда, јасно се наведува дека вицепретседателот на Бугарија со Указ од 2011 и дал на Арсовска бугарско државјанство“, рече Петровска.
Петровска притоа упати прашање до Арсовска од кои побуди побарала бугарско државјанство и за чии интереси одработува.
Зошто Петровска ја прашува Данела Арсовска за некоја Даниела, не е сосема јасно, но јасно е дека ова во стилот на старите удбашки метод.
Од ВМРО-ДПМНЕ реагираат дека ваквата црна кампања досега е незапаметена и таа, според опозициската партија, е последица на стравот од пораз на кандидатот на СДСМ за Град Скопје, Петре Шилегов и на премиерот Зоран Заев.
„СДСМ дрско лаже и манипулира за наводен бугарски пасош на Данела Арсовска. Во целост ги демантираме ваквите невистини, и ниту една црна кампања, вклучителна и таа во која вмешуваат членови на потесното семејство на Арсовска нема да им помогне да го одбегнат поразот од народот кој им следи.
Вториот круг од локалните избори, меѓу другото и гласањето за градоначалник на Град Скопје ќе се одржат на 31 октомври.