Масовен обид за поткуп се случува денеска во Пензионерскиот дом Аеродром. Како што може да се види и слушне од видеата кои стигнале до редакцијата на Курир, вработени во ПИОМ со кеси намирници но и со пари се обидуваат да извршат поткуп.
Имено, покрај парите и кесите со намирници, вработените на ПИОМ делат и програми за Петре Шилегов, кандидатот за градоначалник за Скопје на СДСМ. Материјалите биле донесени со автомобил марка Форд од страна на самите вработени на ПИОМ.
Oва не е прв случај за обид за поткуп од страна на членови на СДСМ, пишува порталот.
Истиот портал пишува дека поткуп вечерва се случува во Битола.
Според видео снимката до која дојде КУРИР се гледа како брат на еден од советниците на СДСМ во општината Битола се префрла преку ограда во ЈП Комуналец во Битола, а потоа товари црни вреќи во возилото.