На седницата на српскиот Кризен штаб која се одржа денеска од 15 и 30 часот, бил усвоен предлогот на Училишниот тим со кој се предвидува основците и средношколците да не одат на настава од понеделник 8 ноември до петок 12 ноември. Заедно со двата викенда тоа се вкупно девет дена, соопшти Министерството за образование на Србија.

Мерката е донесена поради 5000 илјади заразени деца во Србија. Во Србија не се крие дека трансмисија има во училиштата и дека и таа е една од причините на речиси шокантната состојба со вирусот кај нашиот северен сосед кој секој ден бележи меѓу шест и сеуд илјади позитивни или околу 30 отсто од тестираните.

Експертите во Србија одамна бараа премин на он лајн настава, но политичарите не го прифаќаат предлогот од неразбирливи причини изложувајќи ги атак децата ан смртна опасност.

Според Министерство, тимот за следење на состојбите со корона вируспт во српските училишра апелира да се применат и други мерки за ограничување на собирите и строго да се почитуваат сите други пропишани мерки за превенција и сузбивање на Ковид-19 за да може со одлуката за продолжување на есенските распусти да се намали инциденцата на Ковид-19. -19 во училишна возраст и општа популација. Првиот работен ден за студентите ќе биде понеделник, 15 ноември 2021 година, соопшти Министерството. Министерот за образование Бранко Ружиќ претходно изјави дека ресорното министерство е подготвено во рамки на општите мерки во борбата против пандемијата да го продолжи есенскиот мини одмор за девет дена.