САД испратија апел до Кина во врска со Тајван, пред онлајн самитот на американскиот претседател Џозеф Бајден и кинескиот претседател Си Џинпинг.
Во разговор со кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји, американскиот државен секретар Ентони Блинкен изрази загриженост поради континуираниот воен, дипломатски и економски притисок на Народна Република Кина врз Тајван, се вели во соопштение на Стејт департментот.
Бајден и Си утревечер по американско време ќе го одржат долгоочекуваниот онлајн самит.
Средбата ќе се одржи во време кога двете страни се обидуваат да ги намалат тензиите бидејќи односите беа затегнати во првите десет месеци од мандатот на Бајден.