Македонија, за жал, нема да добие датум за почеток на преговорите во декември, изјави пратеникот и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски за ТВ 21 во емисијата Клик плус.
– Македонија, за жал, нема да почне преговори во декември. Смешна работа е коментарот на Димитров дека можеби во јануари. Целата ЕУ во јануари е на одмор, а може датум за скијање да се добие, а не за почеток на преговори. Многумина не веруваа пролетта 2018 година кога реков дека дури Зоран Заев да го промени името, нема да почне преговори со ЕУ. И додека е тој премиер, Македонија нема да почне преговори. За жал бев во право, вели Николоски.
Министерот Никола Димитров, во врска со можниот датум од ЕУ во декември, вчера релативизираше и рече дека рокот е краток за решавање на спорот со Бугарија, но можно е тоа да се случи во јануари идната година.
Видеото може да се погледне ТУКА.