Не престануваат реакциите во јавноста во врска со случајот со пратеникот од Беса Кастриот Реџепи, кој се потпиша на списокот на пратеници за недоверба на Владата на премиерот Зоран Заев, па се попишмани и „исчезна“ на денот на гласањето во Собранието на Република Македонија.

Денеска со краток коментар за Реџепи се огласи и поранешната пратеничка, универзитетска професорка и лидерка на партијата Глас за Македонија, проф. д-р Солза Грчева:

– Кастриот Реџепи ќе ги обединувал сите про ЕУ сили во Собранието. Читај, им требаат пратеници. Тој, ако не грешам, беше чувар во холандската амбасада? А јас бивш професор во Холандија, останав необединета, назадна сила. Ова се случува во земјата на чудата на Алиса, објави Грчева на својот профил на Фејсбук.

И Заев даде оставка па се попишмани. Сега се пишмани уште еднаш и најавува дека ќе ја официјализира оставката во вторник во неговата партија СДСМ.

рцева