Не е точно дека, ако (Зоран) Заев не остане на премиерската функција, ќе се загрозат евроинтегративните процеси и државата ќе влезе во нови проблеми, му реплицира поранешниот министер и економски аналитичар Џевдет Хајредини на актуелниот министер Бујар Османи.
– Министерот за надворешни работи Бујар Османи упати апел Заев да остане на премиерската функција, да не се загрозат евроинтегративните процеси и државата да не влезе во нови проблеми. Не е точно дека, ако Заев не остане на премиерската функција, ќе се загрозат евроинтегративните процеси и државата ќе влезе во нови проблеми. Напротив, можно е да се загрозат само позициите и интересите на оние на кои Заев им ги криеше кривичните дела врзани и кои произлегуваат од тајните прислушувања, вели Хајредини во неговата објава на Фејсбук.
Оваа реплика доаѓа по барањата на ДУИ, Заев и по оставката во СДСМ да остане премиер.