Д-р Андон ЧИБИШЕВ
Какво ноншалантно, несериозно, непрофесионално и релаксирано однесување на нашите институции, посебно на Министерството за здравство, во овој сензитивен момент, кога на Македонија и се заканува проширување на новиот сој на корона вирусот кој се појави во Африка а веќе е регистриран во многу европски држави, вклучувајќи и соседни држави на Македонија.
Непреземање на ниту една нова епидемиолошка мерка, лефтерното однесување во секојдневниот живот, инсуфициентното вакцинирање, немањето на стратегија и кампања за поттикнување на интересот за имунизација по се изгледа скапо ќе не чини како популација и како здравствен систем. Повеќето Европски држави преземаа ригорозни мерки во контекст на заштита на населението од опасноста за проширување на новиот ,,омикрон,, сој на корона вирусот како што се задолжителното вакцинирање на одредени возрасни групи и професии , комплетното затворање на одреден временски период, до забрана за изведување на одредени активности , како забави и групирања на повеќе луѓе на едно место, посебно во затворени простории.
За тоа време нашите државни институции се уште калкулираат, не е превземена ниту една посебна епидемиолошка мерка,никакви ограничувања.
Затоа, интензивно се работи на спасување на нокаутираното владино парламентарно мнозинство, се најавува смена на актуелниот министер за здравство среде пандемија и им се нудат на матичните доктори мизерни 30 (триесет) денари за секој пациент кој ќе го убедат да се имнунизира.
Погубно господа! Тешка зима не очекува.
Господ нека ни се смилува и нека не избави од оваа лошотија.