Доскорешниот градоначалник Петре Шилегов, кој жареше и уриваше галии во Скопје, сега препорачува музика стихови на неговиот профил на Фејсбук.

Вчера на репертоарот на Шилегов беше музика и стихови од светскиот поет Федерико Гарсија Лорка, а денеска е македонската народна песна Твојте очи, Лено мори.

Шилегов како градоначалник на Скопје ќе остане запаметен по многу ветувања и малку реализирани проекти, предадени шпорети и печки на дрва за субвенционирани инвертери на струја која поскапува, на електрични тротинети кои не го прочистија Скопје, на непробиениот тунел под Кале, уривач на споменици и градителот на ливади на плоштад итн.

Што се однесува до неговара рубрика „Скопје, пред и потоа“ сега може да продолжи како „ (Шилегов) Петре, пред и потоа“, на која љубителите на музика и поезија ќе може да се дружат со екс градоначалникот.