Последниот извештај на ММФ ги потврдува добрите фискални политики на Владата и ефективните антикризни мерки со што Владата спречила поголема загуба на работни места за време на пандемијата, соопшти денеска владејачкиот СДСМ.
Во продолжение целото соопштение од Бихаќска:
Согласно анализата на ММФ, пакетите антикризни мерки за поддршка на стопанството го амортизирале негативниот ефект на пандемијата. Со ефективните фискални политики ММФ анализира дека Владата спречила голема загуба на работни места како и дека обезбедила заштита на ранливите категории на граѓани.
Согласно извештајот, економското закрепнување се очекува да продолжи во 2022 година, а ММФ предвидува растот да се зголеми од 4 отсто во 2021 година на 4,2 отсто во 2022 година. ММФ дава и позитивна оценка за Буџетот за 2022 година кој соодветно ги намалува трошоците поврзани со пандемијата, додека продолжува да ја поддржува економската активност. ММФ исто така очекува инфлацијата да започне да опаѓа во втората половина на следната година и ќе се стабилизира на околу 2% во 2023 година и периодот потоа.
Ваквите позитивни оценки на реномираниот ММФ јасно ги потврдуваат правилните економски политики на Владата, но и јасно алармираат дека во периодот кој следи е потребна стабилизација и продолжување на економското закрепнување кое се одвива во правилна насока во С. Македонија.
Центар за односи со јавноста на СДСМ