СДСМ денеска се огласи со соопштение за јавноста, како реакција на соопштението од ВМРО-ДПМНЕ, за големиот долг што бившиот градоначалник Петре Шилегов го остави зад себе.
Го објавуваме целото соопштение од СДСМ:
Со лажни податоци ВМРО-ДПМНЕ не може да ја покрие неспособноста на Данела Арсовска.
Два месеца Арсовска не работи ништо освен што прекинува проекти и разрешува директори на јавни претпријатија.
Наместо да работи за интересите на граѓаните, Арсовска работи за интересите на ВМРО-ДПМНЕ, се однесува неодговорно и нанесува штета на развојот на Скопје.
Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ, да не измислуваат алиби, да се зафатат со решавање на проблемите или да си одат.
Центар за односи со јавноста на СДСМ