Eдно од оппожарните возила пред ЈП Улици и патишта е во сопственост на обвинителот на поранешното СЈО, Гаврил Бубевски, објавија повеќе медиуми.

Автомобилот е марка „Шкода“ кој бил паркиран на јавен простор веднаш пред возилото кое експлодирало а е марка „Нисан“.

Според в.д. директорот на Улици и патишта, Борис Настов и противпожарната бригада пожарот во претпријатието настанал токму поради експлозијата на возилото кое било паркирано зад возилото на обвинителот.

И МВР соопшти детали за пожарот:

Пријавата ја добиле околу 01.15 часот дека на ул.„Стефан Јакимов Дедов“ настанал пожар во патничко возило „нисан“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на Н.Л.(38) од Скопје.

Според иницијалите за сопственикот на едно од возилата што ги објави МВР дека едно од возилата е на обвинителот.

-Од пожарот делумно било зафатено и патничко возило „шкода“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на Г.Б.(45) од Скопје и бараките на ЈП „Улици и патишта“ кои биле целосно опожарени, информира МВР.

Гаврил Бубевски како, што објавија некои медиуми, е кум на Филип Медарски, кој пак е адвокат на премиерот во оставка Зоран Заев.

Бубевски го застапуваше обвинителството во неколку случаи меѓу кои Монструм и Титаник 3 единствен случај во кој од поранешното СЈО му се судеше на функционер на ДУИ и имаше осудителна пресуда која во повисоките судски инстанци беше поништена.