Шпекулации се дека ќе бидам иден министер за правда, сѐ додека мандатарот не одлучи така, изјави Славјанка Петровска во денешното гостување на Утрински брифинг.

– Вчера ЦО на СДСМ беше посветен на избор на ново раководство. Станува збор за луѓе кои во минатото биле активни во политичкиот живот, особено во СДСМ. Тие во себе имаат потенцијал и сакаат да ѝ помогнат на партијата и на народот. Сите сме сведоци за широките раце кои Зоран Заев ги имаше кон општеството. Тој по онаа заробена држава покажа како треба поинаку, рече Петровска.

Таа истакна дека на вчерашанат дебата во нејзината партија имало критики.

-Дискусиите беа во иста насока, а критика секако дека имаше. За тоа и се залагаме во партијата. Ако во партијата не се слуша критика, партијата нема да ги слуша критиките од јавноста, а тоа е лошо, рече Петровска.

Таа говореше и за составот на идната Влада на новиот лидер на партијата:

-И во јавноста се коментира дека целото членство на СДСМ не беше ангажирано за време на локалните избори и веројатно тука е клучниот момент. Дискусии секогаш може да има кој на која страна е приклонет. Шпекулации се дека ќе бидам иден министер за правда, сѐ додека мандатарот не одлучи така. Ковачевски не го познавав многу од порано, но сега имав време подобро да го запознам, рече Петровска.