Пандемијата на коронавирус и недостатокот на полупроводници не го спречија „Порше“ да постави нова рекордна продажба. Откако „Ламборгини“ и „Бентли“ се пофалија со рекорд во 2021 година, и германската компанија соопшти дека продала 301.915 автомобили, што е 11 отсто повеќе отколку во 2020 година, благодарение на зголемената побарувачка во сите глобални продажни области.
– И покрај предизвиците од недостигот на полупроводници и прекините на пандемијата на коронавирус, работевме напорно за да им овозможиме на повеќе клиенти од кога било досега да го исполнат својот сон и да поседуваат Порше. Побарувачката е сè уште висока и нарачките веќе ни ги преполнуваат книгите, рече Детлев фон Платен – одговорен за маркетинг во компанијата.
По земји, во Кина растот е осум отсто, или продадени 96.671 автомобил, во САД – 22 отсто и продадени 70.025 автомобили, а во Германија, продажбата е зголемена за девет отсто, на 28.565 автомобили.
Најпродаваниот модел на „Порше“ лани е „Макан“, со продадени 88.262 примероци, а по него следи „Кајен“ – 83.071 примерок. И електричниот седан-караван „Тајкан“ дефинитивно заслужува внимание, со 911 продадени возила.