Ми падна паричето, мислете му ја, објави вечерва Никола Димитров, вицепремер за евроинтеграции во оставка, на неговиот профил на Фејсбук.

Кратката објава, со смешка, е по повод христијанскиот обичај спроти Василица и спроти Православна Нова година да се сучи пита со паричка, која во некои краишта од Македонија се негува и денденес. Но, во последно време тој адет се прави за Бадник.

Инаку, од вчера Димитров е во центарот на вниманието на јавноста по неговиот судир со колеги на се уште актуелната Влада, но и со членови и симпатизери на владејачкиот СДСМ. Димитров, кој беше еден од главните актери при потпишувањето на Договорот со Грција, смената на името на Република Македонија, сега покажува „патриотски мускули“ за договарањата со Бугарија за кои му беше возвратено дека учествувал и тој.

А кога станува збор за паричката, македонската јавност не заборава дека на Димитров, додека беше министер и вицепремиер во Владата на Зоран Заев „му се падна паричката“ и со доделената државна стипендија за школување на неговата ќерка на студии во Холандија.

(Д.Г.)