Северна Кореја вчера истрела проектили за кои се верува дека се балистички ракети, по трет пат за еден месец, соопшти јужнокорејската војска.
Се претпоставува дека две балистички ракети со краток дострел биле истрелани кон исток од провинцијата Северен Пјонгјанг на северозападниот брег на Северна Кореја.
Севернокорејската агенција КЦНА објави дека е одржана вежба за тестирање на експертизата во процедурите за употреба на ракетно оружје лансирано од железнички вагони во движење.
Претходните две лансирања вклучуваа, како што го нарекоа државните медиуми „хиперсонични проектили“, способни за големи брзини и маневрирање по лансирањето.
Вежбата дојде само неколку часа откако Пјонгјанг го осуди барањето на Американците за нови санкции од ОН поради неодамнешните лансирања кои беа оценети како провокација.
Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун не присуствуваше на вежбата, а новинската агенција КЦНА јави дека е точно погодена цел поставена на источниот брег со „два тактички наведувани ракети“.