Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вечерашното гостување во емисијата Анализа на ТВ 24, вели дека добро е бугарскиот премиер Кирил Петков при утрешната поета во државата да одговори кој го кренал Илинденското востание, дали Гоце Делчев е Македонец и зошто бара македонскиот јазик да стои со фуснота кога тој претходно е кодифициран.
-Да се вратиме на изјавите на тогашната министерка за надворешни работи Захариева, отприлика таа беше реториката и тогаш во тоа време, не го негираат постоењето на современиот македонски јазик и македонски народ, но имаат определени задршки кога станува збор кога според нив тој народ постои, од кога постои македонскиот јазик, Илинденското востание е Преображденско, тоа го кренал бугарскиот народ, дека Гоце Делчев е дел од бугарскиот народ. Така што реториката е буквално иста, прашањето е само како е сето тоа спакувано – потенцираше тој.
Мицкоски изјави и дека чудно е истовремено да велите дека не го спорите определувањето на македонскиот народ, а од друга страна да не знаете дека постои македонско малцинство во Бугарија кое што има 14 пресуди Европскиот суд за човекови права.
– Добро би било еве оваа влада ,,проевропска и прогресивна” влада која ја предводи Петков да имплементира барем една од тие пресуди на Европскиот суд за човекови права и да им дозволи на луѓето од ОМО ,,Илинден – Пирин” барем да се регистрираат како политичка партија и тогаш јас ќе верувам дека навистина тие не го спорат нашиот идентитет, никој не го спори постоењето на македонскиот јазик итн. – рече Мицкоски.
Мицкоски рече дека ова е позната реторика и ги охрабри новинарите утре да му постават неколку прашања на Петков, меѓу кои и дали Гоце Делчев бил Македонец и дел од македонскиот народ кој е различен од бугарскиот, кој бил тој што го предводел Илинденското востание и зошто мора секогаш да се инсистира кога станува збор на македонскиот јазик, да стои со фуснота согласно Уставот, односно индиректно се имплицира дека тој постои практично со постоењето на Уставот на Македонија, од 1991 година.
Мицкоски, исто така рече дека доколку новинарите не го прашаат за овие прашања, ќе го праша тој на средбата која ќе ја имаат утре и ќе ги каже позициите на ВМРО-ДПМНЕ.
рече дека чудно е истовремено да велите дека не го спорите определувањето на македонскиот народ, а од друга страна да не знаете дека постои македонско малцинство во Бугарија кое што има 14 пресуди Европскиот суд за човекови права.