Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри е задоволен од нерешениот исход на синоќешниот дуел со Милан.
– Добар натпревар. Имавме тешки натпревари со конкурентите, а доколку загубиме од Милан, ќе заостаневме 10 бода зад нив. Треба да бидеме посмирени и поконцентрирани во напаѓачката зона, но брзавме и грешевме со последното додавање. Сепак, сметам дека ремито е праведно. Среќен сум затоа што момците почнаа да играат повеќе тимски фудбал и разбираат како да ја контролираат топката во фазата на одбрана и напад. Играчите станаа посамоуверени, а тоа се гледа од зачувување на нашата мрежа на осум од последните 12 натпревари, што е добар знак, изјави Алегри.
Јувентус по 23 кола во Серија А се наоѓа на петтата позиција со 42 освоени бода, 11 помалку зад лидерот Интер. Наполи и Милан имаат по 49, Аталанта е четврта со 43.