ВМРО-ДПМНЕ како и обично не работи ништо за граѓаните, нивните градоначалници се тешко разочарување, па затоа постојано сме сведоци на едни исти барања и предлози.
Христијан Мицкоски знае дека граѓаните гледаат колку се неспособни неговите градоначалници, уплашен е од постојаниот пад на нивната поддршка па затоа со постојани барања за избори се обидува да го дефокусира вниманието на јавноста.
Ставот на СДСМ е јасен и за една изборна, и за укинување техничка влада, и за менување на изборен модел, тој став не е променет, тоа се прави со широк консенсуз на сите партии.
Додека ВМРО-ДПМНЕ седи на страна, не работи ништо и зборува само за избори, ние како одговорна партија решаваме проблеми на граѓаните кои се соочени со глобална енергетска и здравствена криза.
ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски немаат ниту еден предлог за енергетската криза, за тоа не зборуваат воопшто, затоа што не им се важни граѓаните, туку единствено личните интереси.
Избори ќе има во 2024 година, има време и за дебата и за консензус за сите прашања.
Центар за односи со јавноста на СДСМ