Со аплауз пред вратите на клиниката за детски болести и по 9 месечна битка со леукемијата, четиригодишната Ајше денеска замина дома како победник во битката со опасната болест. Директорката на клиниката за педијатрија Аспазија Софијанова вели дека среќата кога малите херои ја победуваат болеста е огромна а воедно истакна дека во моментот на клиниката се лекуваат околу 20 деца со леукемија.
„Девојченце кое девет месеци се лекуваше од акутна леукемија и успешно заврши лекувањето, без никакви последици и ни беше драго што го чукна ѕвончето што значи дека среќата кај децата треба најмногу да ја поддржуваме и почитуваме, а од тука започнува и среќата на возрасните.
Софијанова вели дека за кратко време ќе биде отворен новиот онколошки центар кој ќе биде во склоп на клиниката, каде ќе може да се третираат и поголем број на пациенти во иднина.
„При крај е отворањето на новиот оддел за онкологија каде ќе има капацитет за сигурно околу 25-30 деца вклучувајќи ги и посттрансплационите што досега не беше случај, вкупно распределени на двата оддела имаме околу 20 дечиња.
На денешниот настан присуствуваше и министерот за здравство Беким Сали кој истакна дека онколошкиот центар на клиниката за педијатрија е еден од поуспешните во регионот.