Србија има најниска цена на струјата во цела Европа, изјави српскиот претседател, Александар Вучиќ при своето гостување во ТВ емисијата Кирилица.
-Тука ја имаме најниската цена на електрична енергија во Европа, пониска цена отколку што ја има Република Македонија, значјно пониска од Црна Гора, пониска од БиХ, а имаме значајно повисоки плати, изјави Вучиќ.
Тој додаде додаде дека до крајот на мандатот на Владата, просечната плата ќе достигне до 1.000 евра.
– Сакам да кажам и луѓето да видат дека ние тоа на извесен начин го субвенционираме тоа, притоа помагајќи го нашето население, посебно оние најсиромашните, а она што е најсуштински е во мандатот на новата влада, до крајот на нејзиниот мандат да можеме да дојдеме до просечна плата од 1.000 евра, рече Вучиќ.