Претпладне сончево со мала до умерена облачност. Попладне облачноста ќе се зголемува и ќе има локални врнежи од дожд, а на планините од снег.
Во текот на ноќта врнежите ќе се прошират насекаде, а во западните делови ќе бидат пообилни и ќе преминуваат во снег и на повисоките места. Ќе дува слаб до умерен ветер, во јужните делови од југоисточен, а во северните од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал -5 до 0, а максималната од 9 до 15 степени.
Во Скопје претпладне сончево со мала до умерена облачност. Попладне облачноста ќе се зголемува, а во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне 13 степени.
Под влијание на влажен и студен воздушен бран во недела времето ќе биде облачно со врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места со врнежи од снег. Пообилни врнежи ќе има во западните делови. Врнежите ќе преминуваат во снег и на некои пониски места. До понеделник снежната покривка на планините значително ќе се зголеми, а нова ќе се формира на повеќе места, особено во западните делови каде локално ќе наврнат и над 20 см нов снег. Во понеделник на места ќе провејува снег со послаб интензитет. Од недела до среда ќе дува засилен северен ветер, а температурата значително ќе се намали.