Американскиот претседател Џозеф Бајден и финскиот колега Саули Нинисто на средба во Белата куќа се договорија да ја зајакнат соработката во областа на одбраната.
За време на состанокот во Белата куќа, Бајден изјави дека Финска е „силен одбранбен партнер“ вклучен во „обединетиот трансатлантски одговор со цел да се повика Русија на одговорност“, бидејќи, како што наведе, тоа е напад врз глобалниот мир.
Нинисто во обраќањето пред новинарите истакна дека Финска ги исполнува критериумите за членство во НАТО и нагласи дека тој и Бајден за време на средбата разговарале и со премиерката на Шведска, Магдалена Андерсон.
Финска веќе соработува со НАТО, но не е членка, иако поддршката на финските граѓани за полноправно членство, како и во Шведска, е зголемена по руската инвазија врз Украина.