Јапонија воведе санкции за уште 32 руски и белоруски официјални претставници и компании, соопшти денеска јапонското Министерство за финансии.
Меѓу Русите на кои Токио им наметнува рестриктивни мерки се заменик-началникот на Генералштабот, замениците на претседателот на Думата, лидерот на Чеченската Република и повеќе лица на извршни функции во компаниите блиски до Кремљ, како што е „Волга групацијата“, „Трансњефт“ и „Вагнер“.
Санкции се воведени и за 12 официјални лица на Белорусија и бизнисмени, како и против 12 организации во двете држави.
Во соопштението на Министерството за финансии се наведува дека Токио воведува и забрана за извоз на опрема за руските рафинерии, како и за производи што би можеле де бидат употребени од страна на белоруската армија.