Германија в петок ќе биде домаќин на виртуелен состанок на министрите за земјоделство од земјите на Г-7 групата, на кој ќе се разговара за влијанието на руската инвазија на Украина врз глобалната безбедност во прехраната и како најдобро да се стабилизираат пазарите на храна.

„Обезбедувањето прехранбени производи во Германија и Европската унија е стабилно и безбедно, но може да се очекува значаен недостиг во некои земји надвор од Унијата, особено таму каде што веќе се забележува недостиг поради временските неприлики како што е сушата”, изјави германскиот министер за земјоделство,Чем Уздемир.

Тој уште додаде дека покачувањето на цените на земјоделските производи не е исклучено како можност ниту во високо индустријализираните земји.

Германија оваа година е претседавач на Групата седум најразвиени економии во светот.