Времето претпладне во Македонија ќе биде сончево со мала локална облачност. Попладне облачноста ќе се зголемува претежно во планинските региони на север и на запад каде ќе има услови за краткотрајна нестабилност, понекаде проследена со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Во текот на денот ќе дува слаб до умерен северен ветер.
Утринската температура ќе се движи од девет до 16, дневната од 25 до 32 степени.
УВ-индексот ќе изнесува 7.
Во Скопје претпладне сончево со мала локална облачност, а од пладневните часови и во Скопската котлина ќе се зголемува облачноста која во планинските услови ќе има услови за краткотрајна нестабилност. Утринската температура ќе се спушти до 14, а дневната ќе се искачи до 29 степени.
Во следните денови ќе преовладува претежно стабилно и топло време, во попладневните часови ќе има услови за ретка појава на краткотраен дожд и грмежи, особено во западните и јужните делови. Температурите нема многу да се менуваат, а ветерот ќе биде претежно северен.