Претежно сончево со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -10 до -2, а максималната од 5 до 12 степени.

Во Скопје, сончево и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -6, а максималната ќе достигне до 10 степени.

Во следните три дена ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и со пораст на температурата. Од четврток ќе има зголемување на облачноста со локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради спуштање на студена воздушна маса, во петок врнежите ќе преминат во снег и на повисоките места. Температурите повторно значително ќе опаднат и ќе бидат под просекот за овој период од годината.