Германскиот канцелар Олаф Шолц повторно ја отфрли можноста за воена интервенција на НАТО во Украина.
– Западот се уште се надева на ефикасност на санкциите против Русија, изјави Шолц на собирот организиран од дневниот весник „Велт“ во Берлин.
– Нема да воспоставиме зони за забранети летови над Украина. Тоа би довело до директен воен судир со Русија и руските авиони, објасни германскиот канцелар.
Шолц рече дека се согласува со американскиот претседател Џо Бајден, францускиот претседател Емануел Макрон и другите сојузници дека не треба да има воен конфликт меѓу НАТО и Русија.
– Никој не може да го сака тоа, потенцираше Шолц.